Карло Анчелоти добива критики од навивачите на Реал по поразот 2-5 од Барселона во Шпанскиот суперкуп. Тој е еден од најтрофејните тренери во историјата, со Реал освоил 15 трофеи. Најзначајни се двете титули на шпански шампион и куп победник, а неговата работа во клубот е крунисана со три Лиги на шампиони. Под водство на Анчелоти, Реал е актуелен првак на Шпанија и Европа.
„Релево“ пишува дека Италијанецот бил многу погоден од свирежите кои ги добил на „Сантјаго Бернабеу“ на неодамнешната победа од 5:2 против Селта по продолженија. Шпанците пишуваат дека Анчелоти тоа делумно го разбира и прифаќа, но смета дека дал многу и дека критиките од навивачите, новинарите и клубот се претерани. „Релево“ дополнува дека Анчелоти би можел да добие отказ ако Реал рано испадне од Лигата на шампионите.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Реал во Лигата на шампионите е на 20. место со три победи и три порази. Остануваат уште натпреварите со Салцбург и Брест во кои треба да го потврди пласманот во нокаут-фазата, односно плејофот за осминафиналето. Се претпоставува дека Анчелоти би можел да добие отказ ако Реал не обезбеди барем четвртфинале на натпреварувањето. Тоа значи дека прво мора успешно да ги совлада Салцбург и Брест, потоа да обезбеди осминафинале и таму да обезбеди понатамошен пласман.