Дома Фудбал Реал Мадрид го совлада Атлетико и ќе игра финале против Барселона

Реал Мадрид го совлада Атлетико и ќе игра финале против Барселона

Реал Мадрид го победи Атлетико Мадрид со 2:1 во второто полуфинале од турнирот за Суперкупот на Шпанија и в недела ќе се натпреварува со Барселона за трофејот.

Федерико Валверде постигна гол за “белите” уште во втората минута од слободен удар, а во 55-та Родриго го зголеми водството. “Јорганџиите” вратија еден гол преку Александер Сјорлот во 58-та минута. Турнирот се одржува во Саудиска Арабија.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во другото полуфинале во средата, Барса го совлада Атлетик Билбао со 5:0. Финалето ќе биде повторување на минатогодишното, кога каталонците ги поразија “кралевите” со 5:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Постои уште еден совршен голман за Барса, Деко започна акција – најавен нов трансфер на Каталонците

Марк-Андре Тер Штеген и Војчех Шчесни лесно би можеле да ја напуштат Барселона, а спортски…