Дома Фудбал Реал Мадрид договори прво летно засилување – ќе дебитира уште во јуни

Реал Мадрид договори прво летно засилување – ќе дебитира уште во јуни

Откако вчера беше потврдено дека Карло Анчелоти го напушта Реал Мадрид и дека ќе ја преземе улогата на селектор на репрезентацијата на Бразил, сега е јасно дека на негово место доаѓа Чаби Алонсо. Тој ќе дебитира веќе на Светското клупско првенство и сигурно ќе биде среќен што пред тоа ќе добие барем едно засилување во екипата.

Реал Мадрид игра сезона за заборав во која успеа да го освои само Суперкупот на Европа на почетокот, а во сите други натпреварувања “Кралевите” потфрлија, што навистина одамна не се случило.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Покрај доаѓањето на новиот тренер, во Реал активно се работи на доведување нови засилувања, со цел да се обиде да ја засили екипата за Светското клупско првенство кое започнува веќе следниот месец.

Затоа во Реал упорно работат на тоа да доведат лев бек и изгледа дека ќе успеат. Шпанските медиуми пренесуваат дека во Реал доаѓа Алваро Карерас, кој импресионираше со своите игри оваа сезона во дресот на Бенфика.

Карерас веќе се согласи со понудата на Реал и чека да се договорат клубовите. Очекува се дека тој во Мадрид би можел да пристигне веќе овој месец и како што стојат работите, сигурно ќе биде во составот за Светското клупско првенство.

Фотографија: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На повидок спектакуларно враќање на играч во Барселона

Барселона зад себе има една многу успешна сезона под раководството на тренерот Ханси Флик.…