Дома Фудбал Реал ќе го „стресе“ трансфер-пазарот, доаѓа засилување по препорака на Крос

Реал ќе го „стресе“ трансфер-пазарот, доаѓа засилување по препорака на Крос

Реал Мадрид реши значително да го промени тимот за новата сезона. Освен тренерот Јаби Алонсо, досега тука се две нови имиња: Трент Александер-Арнолд и Дин Хујсен, а работата за Алваро Карерас е при крај. Сега е време за засилувања во средниот ред и Кралевите тргнаа по Анхело Стилер од Штутгарт и Нико Паз од Комо.

Реал Мадрид во новата сезона ќе изгледа значително поразлично. Флорентино Перез го отвори паричникот и засилувањата стигнуваат како на лента.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Кралевите веќе го потпишаа Трент Александер-Арнолд од Ливерпул, како и Дин Хујсен од Борнмут, а преговорите со левиот бек на Бенфика Алваро Карерас се при крај.

Со нивното доведување, дефанзивата би требала да биде завршена работа, па Реал се осврнува на засилувања во средниот ред. Двајца играчи пристигнуваат на Бернабеу, а тоа се Анхело Стилер и Нико Паз.

„Реал Мадрид е подготвен да го потресе пазарот. Клубот тргна по Анхело Стилер и Нико Паз”, објавува Марка и додава:

„Тони Крос лично го препорача Стилер на клубот.”

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси вчера ја прекина шпанската доминација која траеше повеќе од две децении

Со освојувањето на Конференциската лига, Челси успеа во нешто што ниту еден тим не го пост…