
Во 191-то издание на Ел Класико, Реал Мадрид на домашен терен ја победи Барселона со резултат 2:1.
Кралевите фуриозно започнаа натпреварот и веќе во втората минута судијата Сото Градо досуди пенал, но по реакција од ВАР собата се предомисли и наместо пенал досуди прекршок во нападот на Винициус Жуниор.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Околу 12 минути подоцна, Мбапе, по прецизно додавање од Белингам, реализираше сам пред Шчесни и донесе водство за домаќините.
Откако Реал пропушти неколку добри шанси, се истакна голманот на Барса Шчесни, казната дојде во 38-та минута. Грешката на Арда Гулер ја казни Фермин Лопес и израмни на 1:1.
Само четири минути подоцна, Белингам врати предност со гол со кој Реал замина на пауза во водство.
На стартот на второто полувреме Мбапе не успеа да реализира од пенал, но на крај Реал заслужено победи со 2:1