22-годишниот Габри Веига важи за еден од најголемите шпански таленти, а минатото лето шокираше со трансфер во Саудиска Арабија.
Веига може да се се врати во европскиот фудбал, за неговиот потпис водат битка Манчестер Сити и Реал Мадрид.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Тој е поранешен младински репрезентативец на Шпанија, кој има 17 настапи и 2 постигнати голови за својата земја.
Неговата моментална вредност на трансфер-маркетот е 25 милиони евра, а може да делува и во офанзивна и во дефанзивна улога во средниот ред.
Реал и Сити сакаат да го засилат средниот ред во јануари и веќе ја почнале битката за неговиот потпис.