
Чаби Алонсо, кој ова лето потпиша тригодишен договор со Реал Мадрид, го напушти тимот на половина од својата прва сезона. Поради едностран раскин на договорот, Перез ќе му исплати само за првата година, известува новинарот Мигел Анхел Диаз.
Иако вчеравечер се појавија вести дека двете страни договорно ја прекинале соработката, вистината е сосема различна. Главниот човек на Реал, Флорентино Перез, изненадувачки одлучил да му врачи отказ на Алонсо по враќањето од Џеда.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Алонсо летово потпиша договор со Реал на три години со вкупна компензација од 21 милион евра, но со клаузула според која клубот е должен во случај на раскин во првата сезона да му плати само за првата година.
Тоа значи дека Алонсо губи 14 милиони евра, кои би му следувале ако немаше клаузула која го олесни одлучувањето на Перез да го смени Шпанецот.
Да потсетиме, Реал ова лето плати 10 милиони евра на Баер Леверкузен за трансферот на Алонсо, така што сега поранешниот тренер го чинеше клубот вкупно 17 милиони евра, што не е занемарлив износ.