Дома Фудбал Реал Мадрид донел одлука: Фудбалерот кој постигна многу важни голови може да замине!

Реал Мадрид донел одлука: Фудбалерот кој постигна многу важни голови може да замине!

Реал Мадрид е подготвен да го реализира трансферот на бразилскиот напаѓач Родриго (24), а конечната одлука за неговата иднина ќе биде целосно во негови раце. Според информациите на Фабрицио Романо, следната недела ќе се одржи директна средба помеѓу клубот и играчот на која ќе се одреди неговата иднина во Мадрид.

Оваа одлука се носи поради фактот што тренерот Чаби Алонсо не го вклучуваше во стартната постава во последните пет натпревари, што ја интензивираше шпекулацијата за негов можен трансфер. Од клубот известуваат дека нема да го форсираат неговото заминување, туку сè ќе зависи од желбата на Родриго.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


И покрај објавите во медиумите, премин во саудискиот Ал Наср не е можност. Од тимот на Родриго јасно нагласуваат дека нема преговори со тој клуб и дека фокусот е насочен на европските дестинации. Бразилскиот напаѓач пристигна во Реал пред шест години од Сантос за 45 милиони евра, и досега за Реал има одиграно 270 натпревари при што постигнал 68 голови и 51 асистенција. Според „Трансфермаркт“ има вредност од 90 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во „Билд“ убедени: Знаат што ќе се случи со Винисиус!

Германскиот БИЛД тврди дека Реал Мадрид има намера да го продаде Винисиус претстојното лет…