
Иако Реал Мадрид оваа сезона не покажува извонреден настап, тимот на Алваро Арбелоа изгледа дека игра се подобро од натпревар во натпревар.
Кралевите синоќа ги примија Сосиедад пред своите навивачи, кои исто така значително ја подобрија својата форма, но гостите од Сан Себастијан не успеаја да избегнат пораз во главниот град на Шпанија.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Синоќа видовме пет гола и уверлива победа на Реал со резултат 4:1, вклучувајќи и три пенали.
Два беа досудени во корист на Реал Мадрид, а еден за Сосиедад од кој тие постигнаа единствениот гол на натпреварот.
Двата гола од пенали за Реал Мадрид ги постигна Винициус Жуниор кој по натпреварот пиша на социјалните мрежи.
Бразилскиот играч на Инстаграм објави неколку фотографии од синоќешниот натпревар и доби над 1.4 милиони лајкови и голем број коментари.
Меѓутоа, најмногу што го изненади и воодушеви навивачите на Реал Мадрид е коментарот на Лука Модриќ.
Хрватот го пофали Винициус за уште едно одлично издание, а навивачите на Реал се воодушевени од тоа колку Модриќ и натаму го следи нивниот клуб иако летоска замина во Милан.