
Реал Мадрид во 2020 година издвоил 30 милиони евра за услугите на младата бразилска фудбалска надеж Реиниер од Фламенго.
Кралевите се надеваа дека во него ќе добијат уште една ѕвезда за релативно ниска сума, но за разлика од Винисиус Жуниор и Родриго, Реиниер се покажа како промашување.
Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ
Овој фудбалер не одигра ниту секунда во дресот на кралскиот клуб. Беше на позајмици во Борусија од Дортмунд, Жирона, Фрозиноне и Гранада, за конечно ова лето да ја прекине авантурата со мадридскиот великан.
“На 18 години дојдов во Шпанија за да го остварам детскиот сон – играње фудбал во Европа и клубот што ми го овозможи тоа беше ни помалку, ни повеќе од Реал Мадрид, најголемиот клуб во светот и клубот за кој навивав. Во последните пет години бев во Шпанија, Германија и Италија. Многу научив во клубовите кои ми помогнаа да се развијам како личност и професионалец. Знам дека ништо од тоа не би било возможно без можноста која ми ја даде Реал Мадрид.
Тој ќе остане запаметен како едно од најголемите промашувања на Реал. Кралевите ги чинеше вкупно 45 милиони евра.
На него кралскиот клуб исплати дури 15 милиони евра, иако не одигра ниту секунда во дресот на мадридскиот великан, а дополнителни 30 доби Фламенго на сметка на трансферот.