Дома Фудбал Разделбата на Пиоли и Фиорентина е неизбежна, но нема да биде пријателска!

Разделбата на Пиоли и Фиорентина е неизбежна, но нема да биде пријателска!

Фиорентина многу лошо ја започна сезоната и по 10 кола има 4 бодови и се наоѓаат во зоната за испаѓање во Серија А.

По поразот дома од Лече, во клубот решија да ја прекинат соработката со Стефано Пиоли.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Пред него клубот го напушти и спортскиот директор Даниеле Прада.

Проблем претставува тоа што Пиоли има договор на 3 години по кој добива 3 милиони евра.

Фиорентина му понуди 3 милиони за прекин на договорот, но тренерот бара повеќе и сигурно е дека преговорите нема да бидат пријатни.

Според првите извештаи, наредниот натпревар во Лигата на Конференции против Мајнц ќе го води Даниеле Галопа, тренер на Примавера тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мендиета му предложи шокантен трансфер на Серхио Рамос

Поранешната ѕвезда на Барселона, Гаизка Мендиета, смета дека легендарниот дефанзивец Серхи…