Дома Фудбал Распад-систем во Мадрид: Алонсо на излезната врата на Реал, веќе е познат неговиот нов клуб

Распад-систем во Мадрид: Алонсо на излезната врата на Реал, веќе е познат неговиот нов клуб

Чаби Алонсо е под жесток удар во Мадрид и лесно може да се случи 44-годишникот да ја напушти клупата на кралскиот клуб. Играчите му свртеа грб и сакаат неговото заминување.

Потполен хаос владее во тимот на Реал Мадрид. Ѕвездите на кралскиот клуб, според шпанските медиуми, се незадоволни од начинот на кој Чаби Алонсо го води тимот и сакаат негово заминување од клупата.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Сè започна од Винисиус Жуниор, после што незадоволството стана сè поголемо, а тренерот потполно ја загуби соблекувалната.

„Неколку играчи на Реал Мадрид сакаат заминување на Чаби Алонсо. Нивниот однос со него е комплетно прекинат. Дури и некои од најважните членови на раководството сметаат дека е неопходно да го отпуштат”, наведува шпанскиот новинар Хорхе Пикон.

„Постојат сомнежи во Чаби Алонсо поради последните резултати и начинот на кој тимот игра. Раководството е загрижено поради фактот дека голем број на играчи му свртеа грб”, наведуваат шпанските медиуми.

Интересно е што Реал Мадрид е на врвот на Ла Лига. Чаби го водеше тимот во 23 натпревари со 17 победи, три нерешени и три загуби.

Ако раководството на Реал Мадрид одлучи да му врачи отказ на Чаби Алонсо, тој не би бил долго без работа. Се знае каде би ја продолжил кариерата.

Ливерпул му ги отвори вратите на 44-годишникот. Резултатите кои ги постигнува Арне Слот се катастрофални и нема да биде изненадување ако Холанѓанецот добие отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пред нас е фантастична вечер во Лигата на шампионите, битките на Челзи и Барселона секогаш носеле драма! (Видео)

Кога Барселона и Челзи ќе се сретнат на фудбалскиот терен, а тоа се случуваше многу пати в…