Дома Фудбал Рамос го покани Модриќ во својот нов клуб

Рамос го покани Модриќ во својот нов клуб

Легендарниот шпански стопер Серхио Рамос пред четири дена потпиша договор со мексиканскиот клуб Монтереј, потврди клубот на своите социјални мрежи. За 38-годишниот стопер, ова ќе биде четврт клуб во кариерата по Севиља, Реал Мадрид и Пари Сен Жермен.

Рамос го прашаа на службеното претставување кого би сакал да види во Монтереј од сите поранешни соиграчи.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Модриќ би бил врвно засилување за следната сезона”, рече Шпанецот, кој е голем пријател на Лука Модриќ.

Зад него стои мултинационалната компанија „ФЕМСА“ со годишни приходи од неколку милијарди долари. Рамос ќе заработува четири милиони евра по сезона во Мексико, заедно со бонуси. На Модриќ договорот со Реал истекува во јуни оваа година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд синоќа ги надмина Меси, Роналдо и Мбапе

Манчестер Сити синоќа го декласираше Јувентус со високи 5:2, а Ерлинг Хааланд со постигнат…