Дома Фудбал Раководството на Аталанта ќе го „гасне пожарот“ меѓу Лукман и Гасперини

Раководството на Аталанта ќе го „гасне пожарот“ меѓу Лукман и Гасперини

Елиминацијата на Аталанта од Клуб Бриж во натпреварите за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите ја отвори Пандорината кутија на скриен анимозитет меѓу тренерот Џан Пјеро Гасперини и голгетерот Aдемола Лукман, чиј однос стана централна тема во италијанските медиуми овие денови.

Гасперини јавно го критикуваше Нигериецот поради пропуштениот пенал во 61. минута од натпреварот во Бергамо, велејќи дека Лукман е најлошиот изведувач на пенали што го видел во животот, а ни африканскиот фудбалер не остана покусо, бидејќи ден подоцна се огласи на социјалните мрежи.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Според информациите на локалните медиуми од Бергамо, управата на клубот ќе одржи разговор денес во спортскиот центар во Зингонија со Гасперини и Лукман за да се измазнат односите пред следниот првенствен натпревар против Емполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…