Дома Останати Ракомет Ракометарот на Алкалоид и репрезентативец на Македонија се пресели во Франција

Ракометарот на Алкалоид и репрезентативец на Македонија се пресели во Франција

Македонскиот репрезентативец Михајло Младеновиќ ќе ја продолжи кариерата во Франција, откако стави потпис на двегодишен договор со Кретеј, член на втората по ранг лига во францускиот ракомет.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Бевме во потрага по лев бек кој ќе може да се надополнува со Давид Иглесијас и одлуката падна на Младеновиќ. Задоволни сме што ќе го имаме во нашите редови“, соопштија од клубот.

Македонецот помина неколкунеделна проба пред да добие официјална понуда, а неговиот последен клуб беше Алкалоид, со кој минатата сезона стигна до трофеј во ЕХФ Европскиот куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ЕХФ ѝ додели организација на Македонија на ЕП до 18 години!

Македонија доби уште една значајна организација на големо ракометно натпреварување, откако…