Дома Фудбал Ракитиќ презема важна функција во Хајдук

Ракитиќ презема важна функција во Хајдук

Фудбалскиот клуб Хајдук од Сплит соопшти денес дека поранешниот репрезентативец на Хрватска, Иван Ракитиќ, ја преземал функцијата технички директор на клубот.

Во новата улога, 37-годишниот Ракитиќ ќе биде еден од соработниците на спортскиот директор Горан Вучевиќ, а како што истакна, целосно е посветен на новите предизвици.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


– Благодарен сум на претседателот Иван Билиќ и на спортскиот директор Горан Вучевиќ за дадената доверба. Сакам да помогнам на Хајдук и тоа е моментално мојата единствена цел и мотивација. Подготвен сум да работам и да дадам се од себе, за клубот да напредува, а Хајдук во мене ќе има на располагање целото мое знаење, искуство и контакти во светот на фудбалот. Навивачите можат да очекуваат истиот труд и пот што го давав како играч, и сега во оваа нова улога – изјави Ракитиќ.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Капело: Гатузо не треба веднаш да замине

По неуспехот на Италија да се квалификува на Светското првенство по трет пат по ред, се оч…