Дома Фудбал Работнички постигна 16 гола на еден натпревар, па остана без тренер

Работнички постигна 16 гола на еден натпревар, па остана без тренер

Фудбалскиот клуб Работнички реши по само три кола во новата сезона од ПМФЛ да ја прекине соработката со тренерот Бојан Марковски. Од Дебар Маало денеска официјално потврдија дека младиот стратег добива отказ.

Стартот на шампионатот за „романтичарите“ беше под очекувањата – реми со Тиквеш (0-0), порази од Башкими (2-0) и Струга (2-0), а загрижува фактот што тимот е единствениот во лигата кој по три натпревари нема постигнато ниту еден гол.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Иронијата е што разделбата со Марковски доаѓа веднаш по историскиот триумф од 16:0 во Купот против третолигашот Карбинци. За Марковски ова беше прво искуство како прв човек на струката, откако претходно работеше како асистент во кипарските АЕЛ Лимасол и Етникос.

Во моментов од клубот не откриваат кој би можел да застане на клупата на Работнички, па останува да се види кој ќе ја преземе улогата на нов предводник на дебармаалци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе на чекор од рекордот на Роналдо

Килијан Мбапе, фудбалер на Реал Мадрид, успеа да постигне два гола во рамките на Купот на …