Дома Фудбал Работата на Аморим може да зависи од еден натпревар, на “Олд Трафорд”

Работата на Аморим може да зависи од еден натпревар, на “Олд Трафорд”

Работата на менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим не е потполно сигурна, а од раководството на клубот сакаат итно подобрување во настапите во следниот натпревар против Сандерленд, кој би можел да биде фатален за него доколку не биде добиен, информира италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Шефовите на клубот веќе дури и започнале да изготвуваат претходен план за акција во случај да се одлучи за разделба со Португалецот, додава Романо.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Меѓувремено, веќе неколку дена во англиската преса се споменуваат неколку водечки имиња кои се сметаат за главни кандидати за зместители на Аморим. Според различни извори од “Олд Трафорд” претпочитаат да се фокусираат на тренер кој има цврсто искуство во Премиер лигата и го познава првенството. Заради тоа за фаворити моментално се сметаат Оливер Гласнер, кој според Бен Јејкобс, би прифатил ваква понуда од “црвените ѓаволи”. Германецот успеа да ја освои Купот на Англија и Комјунити шилд, што го привлекло вниманието на одговорните фактори во Манчестер Јунајтед.

Втор на списокот е споменат Андони Ираола, кој исто така се претстави добро како тренер на Борнмут. Шпанецот би бил силно заинтересиран и за можноста да го преземе Манчестер Јунајтед, а според “ИСПН”, тој има и клаузула за ослободување во неговиот договор, кој е само до крајот на тековната сезона.

Третиот споменат е Марко Силва, кој моментално го води Фулам, исто така има клаузула за ослободување, тврди “ИСПН”, а неговиот договор исто така е до крајот на сезоната. Поранешниот селектор на Англија Гарет Саутгејт пак се смета дека е најперспективен во преземањето на тим во средината на теренот, што најверојатно го става на крајот од ваквиот избор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…