Дома Фудбал Рабио за скандалот: Тоа што се случи во Марсеј може да се случи било каде

Рабио за скандалот: Тоа што се случи во Марсеј може да се случи било каде

Новото засилување на Милан, Адријен Рабио, откри дека Масимилијано Алегри бил главната причина заради која тој потпишал со „росонерите“.

Францускиот репрезентативец зборуваше и за скандалот во Марсеј, по кој го напушти клубот. Тогаш тој имаше физичка конфронтација со соиграчот Џонатан Роу. Потоа и двајцата го напуштија клубот, а во недела ќе се соочат меѓу себе, бидејќи Роу премина во Болоња.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Спремен сум и во кондиција. Тука сум за да помогнам. Ако тренерот ме стави, ќе направам сѐ што можам за да му помогнам на тимот да победи. Преживеавме многу заедно со Алегри. Уште од почетокот во Јувентус се чувствував удобно со него. Тој има менталитет на победник. Живее со фудбалот, како и јас. Откако го напуштив Јувентус, продолживме да разговараме, дури се видовме“, сподели Рабио, кој денеска официјално беше претставен како играч на Милан.

„Мењан кажа убави работи за Милан. Тео Ернандес исто така ми рече дека ќе се чувствувам добро бидејќи е едно големо семејство. Алегри и порано работел тука и е многу приврзан кон клубот. Не би рекол дека тие ме убедиле, бидејќи зборуваме за голем клуб, но важно е да го чуеш мислењето на оние што се тука или биле тука. Сигурен сум дека донесов вистинската одлука“, дополни францускиот репрезентативец.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси го претстави првото засилување за следната сезона!

Сините направија голема работа во текот на летниот преоден рок и донесоа два одлични напаѓ…