Дома Фудбал Рабио не се откажа и докажа: Победи во битката со ПСЖ!

Рабио не се откажа и докажа: Победи во битката со ПСЖ!

Францускиот фудбалер Адриен Рабио конечно ја заврши долготрајната правна битка со својот поранешен клуб Пари Сен-Жермен, и тоа во негова корист.

Апелациониот суд во Париз донесе одлука со која ПСЖ е должен да му исплати 1,3 милиони евра на поранешниот играч поради неправилности во врска со рекласфикацијата на неговиот договор.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Рабио, кој сега игра за Олимпик Марсеј, го тужеше ПСЖ поради лошиот однос кон него во последните месеци од договорот кој истече во 2019 година. Тогаш беше суспендиран и отстранет од првиот тим, додека клубот му го укина и таканаречениот бонус за етика, кој се однесува на професионалното однесување на играчите.

Францускиот весник L’Équipe извести дека судот потврдил дека работниот однос помеѓу играчот и клубот мора да постои сѐ додека играчот е под важечки договор, без оглед на внатрешните дисциплински мерки. Со оваа пресуда се отфрлени тврдењата на ПСЖ дека имал право да му ускрати одредени финансиски надоместоци.

Рабио го започна правниот процес минатиот мај, а одлуката во негова корист стигна само два месеци подоцна. Во својата изјава истакна дека бил “принуден да го напушти клубот” поради влошениот однос со управата што станувал сѐ потензичен како што се приближувал крајот на неговиот договор.

Со пресудата на Апелациониот суд, ПСЖ е должен да му исплати на Рабио повеќе од милион евра надоместок, кој вклучува неисплатени бонуси и дел од платата што клубот ја задржал под, како што тврдеше, “дисциплински причини”.

Оваа пресуда означува крај на правната битка меѓу Рабио и ПСЖ – клубот во кој помина осум години, но кој го напушти о сериозен конфликт. Неколку години подоцна, Рабио излегува како правен и морален победник од оваа приказна.

Фото: PSG/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Миовски може да ја промени средината: Жирона подготвена да преговара!

Првата сезона на Бојан Миовски во дресот на шпанска Жирона не донесе резултати според очек…