Дома Фудбал „Пукна“ љубовта која почна во 1994 година: Познато што се случи меѓу Гвардиола и сопругата

„Пукна“ љубовта која почна во 1994 година: Познато што се случи меѓу Гвардиола и сопругата

Шпанските медиуми синоќа објавија дека во приватниот живот на Пеп Гвардиола работите не функционираат најдобро, бидејќи тој и неговата сопруга Сера одлучиле да се разведат откако заедно поминале повеќе од 30 години, а сега е познато и зошто нивниот брак „пукнал“.

Познато е дека Манчестер Сити во изминатите два месеца поминува низ очајна резултатска серија, а изгледа дека кризата на „Етихад“ сè уште не е завршена.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Многумина се сомневаа дека Пеп Гвардиола води битки и надвор од фудбалскиот терен и дека не изгледа дека е целосно фокусиран на тренерската работа, а сега се покажа дека таквите тврдења навистина беа точни.

Шпанските медиуми вчеравечер објавија дека работите во приватниот живот на Гвардиола не функционираат најдобро во последните месеци, и дека тој и неговата сопруга Сера одлучиле да се разведат.

Првично немаше многу информации за тоа што се случило меѓу нив двајцата, но шпанското списание „Релево“ утрово соопштува дека е позната причината зошто Пеп и Сера веќе не функционираат заедно.

Сè започна уште во 2019 година кога таа замина од Манчестер со најмладата ќерка и се врати да живее во Барселона каде што има фирма фокусирана на светот на модата и дека од Англија не можела доволно добро да ја работи работата.

Таа живеела на релација Барселона – Лондон – Манчестер, а и Пеп во последните години сè почесто доаѓал во Шпанија. Иако се труделе да го зачуваат бракот, на крајот сфатиле дека тоа не е можно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити прокоцка победа, Челзи се спаси од пораз

Сити продолжи со лошите резултати и ремизираше против Брентфорд, а Челзи дефинитивно е во …