
ПСЖ ѝ нанесе уште еден тежок удар на Барселона бидејќи младиот Дро Фернандез неочекувано реши да го напушти каталонскиот клуб и да потпише за европскиот првак. Сепак, она што Парижаните се согласија да направат покажува дека се подготвени конечно да ги поправат односите со Барселона.
Иако Дро договори со Барселона продолжување на договорот откако наполни 18 години, неговиот агент Иван Де Ла Пена ги шокираше раководителите на клубот кога им соопшти дека младиот играч сака да си оди од клубот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Дро доби понуда од ПСЖ која реши да ја прифати иако неколку дена претходно се согласи на условите на Барселона за продолжување на договорот.
На крајот, на многу неубав начин реши да ја напушти Барселона и да отиде во ПСЖ со кој вчера официјално потпиша договор.
Меѓутоа, она што раководителите на ПСЖ се согласија да го направат покажува дека конечно се подготвени да ги поправат односите со Барселона, бидејќи за Дро платија повеќе одошто требаше.
Откупната клаузула на овој играч од средниот ред изнесуваше шест милиони евра, но ПСЖ на крајот плати 8.2 милиони евра колку што Барселона побара за него.