Дома Фудбал ПСЖ се вклучи во трката за Душан Влаховиќ!?

ПСЖ се вклучи во трката за Душан Влаховиќ!?

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ би можел во текот на летото да ја промени средината, а како што пренесува порталот „psgtalk“, Пари Сен Жермен сериозно е заинтересиран за фудбалерот на Јувентус.

Влаховиќ веќе подолго време е поврзуван со клубови од Премиер лигата – пред сè Арсенал и Манчестер Јунајтед, но моќните Парижани би можеле да ги пореметат плановите на Англичаните и да го однесат Србинoт во главниот град на Франција.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Најверојатно, цената за Влаховиќ изнесува околу 65 милиони евра, што не би бил проблем за богатиот ПСЖ, кој бара нова „деветка“ за следната сезона.

Од друга страна, се појавија и шпекулации за потенцијална размена – Јувентус, според пишувањата, е заинтересиран за напаѓачот на Манчестер Јунајтед Расмус Хојлунд. Доколку дојде до договор, Хојлунд би се вратил во Серија А, само две години по напуштањето на Аталанта за сума од 64 милиони фунти.

Влаховиќ во Јувентус оваа сезона постигна 16 голови во сите натпреварувања, но изгледа дека промена на средината повторно е во прашање, а каде ќе заврши – останува да се види.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус во осминафиналето на Светското клупско пр…