Дома Фудбал ПСЖ сака двајца играчи од Барселона, а Каталонците им порачаа: Платете 130 милиони евра и ваши се

ПСЖ сака двајца играчи од Барселона, а Каталонците им порачаа: Платете 130 милиони евра и ваши се

Во Барселона ова лето немаат намера да продаваат премногу играчи, но откако ПСЖ започна да контактира со двајца играчи од средниот ред на овој клуб, добија јасна порака за колку пари можат да ги добијат.

Ханси Флик изјави дека е задоволен со играчкиот состав од минатата сезона и дека е потребно само неколку засилувања за да се пополнат одредени позиции.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Во Барселона немаат намера да продаваат премногу првотимци и изгледа дека би можеле да заминат само двајца или тројца од оние поважните играчи за да се ослободи место за засилувања.

Веќе е познато дека Марк-Андре тер Стеген е на продажба, а покрај него, најмногу се зборува за заминувањето на Роналд Араухо и Феран Торес.

Сепак, последните денови во центарот на вниманието е и двојката од средниот ред, бидејќи наводно ПСЖ покажал интерес за двајцата играчи.

Станува збор за Фермин Лопез и Марк Касадо кои не се толку стандардни колку што би сакале, но јасно е дека покрај Педри, Гави и Френки де Јонг конкуренцијата во средниот ред е навистина жестока.

Затоа во ПСЖ се надеваат дека можат да го добијат Лопез или Касадо ова лето, бидејќи Луис Енрике покажал голем интерес за нив.

Сепак, од Барселона порано изјавија дека овие млади играчи од средниот ред не се на продажба и дека се иднината на овој тим. Но, во случај на некоја астрономска понуда, тешко дека Каталонците би можеле да одолеат.

Некако медиумите веќе пишуваат дека од Барселона веќе одговориле на ПСЖ и порачаа дека Лопез и Касадо можат да одат во пакет за 130 милиони евра.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го сака промашувањето на Баерн Минхен

Баерн Минхен имаше големи планови со Жоао Пальиња (30) кога го доведе пред една година од …