Дома Фудбал ПСЖ сака да го “украде” Јамал од Барселона: Парижаните се подготвени да го направат најплатениот играч на светот!

ПСЖ сака да го “украде” Јамал од Барселона: Парижаните се подготвени да го направат најплатениот играч на светот!

Париз Сен Жермен веќе подолго време е заинтересиран за младиот Ламин Јамал (17) кој моментално можеби е и најголемата ѕвезда на светскиот фудбал.

Во изминатите неколку години, имаше многу фудбалски гиганти во Париз како Меси, Нејмар, Мбапе и други, и впечатокот е дека присуството на вакви играчи на “Парку на принцовите” не вроди со плод, бидејќи немаше сериозни резултати, најмногу во Лигата на шампионите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, ПСЖ не се откажува од големите ѕвезди, и сега ќе се обиде да му го “украде” на Барселона Ламин Јамал, чиј договор со Каталонците истекува во јуни 2026 година.

За да успеат да го донесат младиот Шпанец, планот е да го направат најплатениот фудбалер на светот, а би имал дури поголема плата од Килијан Мбапе, кој додека беше во ПСЖ заработуваше 25 милиони евра годишно.

Останува да се види дали Барселона ќе му понуди нов договор на Јамал, или ќе реши да го продаде за огромна сума.

Шпанецот оваа сезона на 38 натпревари за Барселона постигна 13 голови и запиша 17 асистенции, а според Трансфермаркт, неговата пазарна вредност е близу 180 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…