
ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПСЖ станаа победници на Интерконтиненталниот куп на ФИФА. Во финалето одржано во Катар, тие триумфираа над Фламенго по изведување пенали. Редовното време и продолженијата завршија со резултат 1:1, со голови на Квича Кварацхелија за ПСЖ и Жоржињо за Фламенго.
Херојот на Парижаните беше голманот Матвеј Сафонов, кој одбрани четири пенали во решавачката етапа од натпреварот. Неговите соиграчи го носеа како вистински херој на теренот на катарскиот стадион.
What a penalty shootout from Matvey Safonov ‼️🧤
— DAZN Football (@DAZNFootball) December 17, 2025
PARIS SAINT-GERMAIN ARE THE #FIFAIntercontinentalCup CHAMPIONS 🔴🔵🏆 pic.twitter.com/vnwacvVsqb
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Матвеј Сафонов е 26-годишен голман од Краснодар, родниот град и истоимената екипа каде што ги направи првите чекори во фудбалот и стана професионалец. По 175 настапи за сениорскиот тим на Краснодар, во 2024 година Парижаните го донесоа за 20 милиони евра и го поставија како резервен играч.
Минатата сезона, играше како замена за Џанлуиџи Донарума во 17 натпревари, примајќи 13 гола и успеа да ја зачува мрежата на седум натпревари без примени голови. Иако Донарума летово замина од ПСЖ, ситуацијата на Сафонов остана непроменета и понатаму има помала минутажа од конкурентот Лукас Шевалиер (24), на кого ПСЖ беше подготвен да му плати 40 милиони евра.
Натпреварот против Фламенго беше неговиот четврти оваа сезона, и со четири одбранети пенали, стана првиот голман на ПСЖ во 21 век кој успеа со ваков подвиг. Неговиот договор е важечки до 2029 година, а според проценките на Transfermarkt, неговата вредност изнесува 15 милиони евра, со што е еден од најевтините играчи во ПСЖ.