Дома Фудбал ПСЖ не се шегува: Ќе го руши светскиот рекорд за фудбалерот кој ги уништи?!

ПСЖ не се шегува: Ќе го руши светскиот рекорд за фудбалерот кој ги уништи?!

Трансферот на Нејмар од Барселона во Пари Сент Жермен со години држи рекорд, но овој договор може да се надмине доколку Челси ја прифати огромната понуда за својот врвен играч.

На Светското клупско првенство Кол Палмер беше херојот на Челси, со два гола и асистенција што го предводеа тимот до победа против ПСЖ (3:0). Сега, токму ПСЖ е заинтересиран да го доведе Палмер, човекот кој им зададе клучниот удар во финалето.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Согласно информациите од Fichajes, ПСЖ подготвува неверојатна понуда од 250 милиони евра за Палмер. Тоа е износ што дури и Челси, познат по својата финансиска моќ, тешко ќе го одбие.

Не е тешко да се разбере зошто челниците на ПСЖ по финалето се одлучија за акција. Ги здоболе настапот на овој талентиран англиски играч кој ги маѓепса во клучниот дуел.

Ако трансферот се реализира, ќе стане најголем во историјата на фудбалот. Моменталниот рекорд го држи ПСЖ со купувањето на Нејмар од Барселона за 222 милиони евра во 2018 година.

Не заостанува многу ниту трансферот на Килијан Мбапе од Монако за 180 милиони евра кој се случи една година подоцна. Со потенцијалното доаѓање на Палмер, ПСЖ би бил на првите три позиции кога се најскапите трансфери во прашање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер ја исполнува желбата на Аморим и тоа ќе го чини 80 милиони евра

Манчестер јунајтед заврши работа за која се зборува од почетокот на летото и договори уште…