
Пари Сен Жермен му покажа на Џанлујџи Донарума дека нема намера повеќе да се потпира на него. Италијанскиот голман беше оставен надвор од групата за натпреварот за Суперкупот на Европа против Тотнхем во среда.
Напнатоста меѓу клубот и Донарума ескалираше, откако преговорите за нов договор беа прекинати, бидејќи двете страни се многу далеку од разбирање.
ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст
Договорот на Италијанецот истекува следното лето, кога тој би можел да замине како слободен агент. Сè укажува дека ПСЖ нема намера да го пушти на тој начин, како што се случи со Килијан Мбапе, и има намера да го продаде ова лето.
Параните веќе се подготвија за евентуалното негово заминување, откако донесоа замена во ликот на Лука Шаверлие, кој пристигна од Лил. Ако Донарума се надеваше дека ќе се бори за стартната позиција со новото засилување, Луис Енрике многу јасно му покажа дека тоа нема да се случи. Можно е голманот да го одиграл својот последен натпревар за ПСЖ, иако минатата сезона имаше голем придонес во освојувањето на четири трофеи, меѓу кои и Лигата на шампионите.
Очекувањата се Донарума да премине во Премиер лигата, а Манчестер Јунајтед е фаворит за неговиот потпис. Челзи исто така се интересира за него, како и Бајерн Минхен и Галатасарај. Интер и Јувентус ја следат ситуацијата, но не можат да си ја дозволат неговата плата.