Дома Фудбал ПСЖ го охрабри Реал Мадрид намалувајќи ја цената на Витиња

ПСЖ го охрабри Реал Мадрид намалувајќи ја цената на Витиња

ПСЖ првично побара астрономска сума за Витиња: 130 милиони евра. Прекумерно многу за Реал Мадрид, пишува “Марка”.

Со оглед дека Манчестер Сити не сака да го продаде Родри, тренерот Чаби Алонсо смета дека Витинија е најдобрата опција за пополнување на празнината што ќе остане во 2024 г. по повлекувањето на Тони Крос. А сега Реал Мадрид конечно добива добри вести од Париз.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Откако првично побараа 130 милиони евра за португалскиот репрезентативец, раководството на ПСЖ ја преоцени неговата ситуација заедно со тренерот Луис Енрике и реши да го намали барањето на 90 милиони евра – соопштува весникот “Марка”.

Витиња има договор со францускиот гигант до 2029 г., а Transfermarkt го проценува на 80 милиони евра. Реал нема се откажано ниту од Родри, и покрај несакањето на Манчестер Сити.

Шпанскиот халф има договор со Англичаните до 2027 г., а од клубот неодамна изјавија дека му подготвуваат супер понуда, за да бидат сигурни дека ќе ја продолжи. Сепак, 29-годишниот Родри не подлегнал на арапските понуди и “Марка” тврди дека ова може да се толкува како “добар знак за Реал Мадрид”.

Откако го загубија Лука Модриќ ова лето, а претходно и Тони Крос, трансферите на Витинија и Родри се приоритет за мадридчаните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рудигер на интересен начин го “боцна” најголемиот ривал – Барселона

Нема потреба да се зборува за ривалството меѓу Реал Мадрид и Барселона, бидејќи сите знаат…