
Шпанскиот интернационалец од Рома, Анхелиньо, ја продолжува својата кариера во екипата на Ал Хилал.
Богатиот вицешампион на Саудиска Арабија наскоро ќе започне на Светското првенство за клубови и посакуваше да се засили на позицијата лев бек.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Првата цел беше Тео Ерандес, но не се договори со францускиот репрезентативец и неговиот клуб Милан, па замената ја пронајдоа во друг клуб од Серија А.
Анхелиньо ќе биде првото засилување на новиот тренер Симоне Инѕаги. Бившиот стратег на Интер добро го познава од италијанскиот шампионат.
Италијанскиот новинар и инсајдер Фабрицио Романо соопштува дека Рома ќе добие отштета од 22 милиони евра.
Анхелиньо има 28 години и значајно искуство. Своевремено не помина кај Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, одигра само шест натпревари во Премиер лигата, но во претходните десет години промени иста толкав број клубови:
Манчестер Сити, Њујорк Сити, Жирона, Мајорка, NAC Бреда, ПСВ Ајндховен, РБ Лајпциг, Хофенхајм, Галатасарај и Рома.