Дома Фудбал Прво изненадување за Гвардиола – добива дефанзивец од 35 милиони евра!

Прво изненадување за Гвардиола – добива дефанзивец од 35 милиони евра!

Манчестер Сити тргна во акција по дефанзивецот на Ланс, Абдукодир Хусанов.

Станува збор за 20-годишен Узбекистанец кој со одличните настапи оваа сезона го привлече вниманието на многу големи клубови, но Сити е најконкретниот.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Британските медиуми нагласуваат дека Пеп Гвардиола е подготвен да плати 30 милиони фунти, што е нешто повеќе од 35 милиони евра за неговиот потпис.

Интересно е што Ланс го пронајде и донесе Хусанов за само 100.000 евра на лето 2023 година од белорускиот Енергетик Минск како потполно анонимно име.

Помалку од две години подоцна, Узбекистанецот е на мета на еден Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еве кои досега обезбедија пласман на Светското првенство

ОД 48 РЕПРЕЗЕНТАЦИИ, колку што ќе учествуваат следното лето на Светското фудбалско првенст…