Дома Фудбал Прво го донесе во Спортинг, а сега во Манчестер: Аморим има нова трансфер-желба

Прво го донесе во Спортинг, а сега во Манчестер: Аморим има нова трансфер-желба

Во летниот преоден рок Манчестер Јунајтед се фокусираше на напаѓачки засилувања, но во јануари ќе мора да донесе стопер кој ќе се вклопи во шемите на тренерот Рубен Аморим. Португалскиот стратег претпочита игра со тројца во последната линија, а од одбранбените со кои располага, само тројца му се по вкус, Матис Де Лихт, Лени Јоро и Лисандро Мартинез, кој моментално е повреден.

Хари Магваер, Нусаир Мазрауи и Лук Шо на тренерот Аморим само му служат за покривање на празнините. Поради тоа, управата на “Црвените ѓаволи” во зимскиот трансферен период ќе се обиде да го реализира трансферот на белгискиот репрезентативен стопер Зено Дебаст (21), кој во минатата сезона имаше одлични настапи во Спортинг, наведуваат британските медиуми.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Токму Аморим, кога беше тренер на Спортинг, инсистираше на доаѓањето на белгискиот одбранбен, а сега би сакал да го види на Олд Трафорд. Договорот на Дебаст со Спортинг важи до јуни 2029 година, а откупната клаузула изнесува астрономски 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик доби добро познато име и големо засилување во стручниот штаб

Турбулентно е во Барселона и ова лето и на почетокот на новата сезона, но сега пристигнува…