
Бројни фудбалери не знаат да се справат со славата и парите што ги добиваат за време на нивната кариера, а еден од тие што целосно пропадна е напаѓачот висок 202 сантиметри, Сами Амеоби.
Сами Амеоби некогаш беше голема надеж на Њукасл. Помина низ младинските селекции на клубот, а беше дел од сениорскиот тим од 2010 до 2017 година, при што одеше на бројни позајмици.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Триесет и двегодишникот заработи пристојни суми низ годините. Инкасираше повеќе од шест милиони фунти за време на 10-годишната кариера, но парите повеќе ги нема бидејќи сè ги ‘спрска’.
Кариерата ја заврши во 2022 година во дресот на Мидлсбро. Денес работи на бројни места и парите што ги заработил целосно се изгубени поради лежерниот начин на живот.
Целосната пропаст следеше минатата година кога направи тешка несреќа. Со ауди уништи ситроен во кој била девојка. Казната не беше голема, но дополнително му уништи сè што направил.
Му се предвидуваше огромна кариера. Сепак, не ја оствари, но и покрај тоа имаше исклучително добри примања. За жал, не ги задржа. Сè вложуваше во погрешни работи, луксузот му беше на прво место и сето тоа му се одмазди.
Сега е принуден да живее скромно. Нема повеќе расфрлање со пари, а ни браќата не му помагаат премногу.