Дома Фудбал Промашувањето на Тен Хаг го чини Манчестер Јунајтед над 40 милиони евра – расте нервозата на „Олд Трафорд“

Промашувањето на Тен Хаг го чини Манчестер Јунајтед над 40 милиони евра – расте нервозата на „Олд Трафорд“

Кога беше тренер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг направи неколку потези од кои овој клуб сè уште не може да се оправи.

Тен Хаг во април 2022 година беше претставен како нов тренер на Манчестер Јунајтед, а на клупата на овој клуб стигна наместо Ралф Рангник.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


И покрај импресивните резултати кои ги постигна во Ајакс, Тен Хаг не успеа да ги пренесе на Олд Трафорд, но успеа да го освои Карабао купот и Англискиот куп.

Во октомври 2024 година, по ужасниот почеток на сезоната во Премиер лигата, раководството на Манчестер Јунајтед одлучи да го отпушти Тен Хаг и наместо него да го постави Рубен Аморим.

Додека Тен Хаг беше во клубот, потрошени беа големи пари за доведување на играчи како Антони, Расмус Хојлунд, Каземиро и Мејсон Маунт.

Од друга страна, играчи како Давид де Геа, Скот МекТоминeј, Арон Ван-Бисака и Андреас Переира го напуштија клубот додека холандскиот тренер беше на клупата.

Сепак, постои еден трансфер поради кој Манчестер Јунајтед на крај загуби милиони, а тоа е бранителот Алваро Карерас.

Во јануари 2024 година, Манчестер Јунајтед го испрати Карерас на позајмица во Бенфика со клаузула за откуп од 6 милиони евра, и потенцијални 3 милиони евра во бонуси.

Само една година подоцна, по импресивни настапи во дресот на Бенфика, Карерас беше продаден во Реал Мадрид за дури 50 милиони евра.

Јасно е дека Тен Хаг направи голем промашување со овој играч и дека не го препозна неговиот талент, а вредноста на Карерас сега се проценува на 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ќе награди една од ѕвездите со побогат договор

Англискиот шампион Ливерпул ќе го награди холандскиот играч од средниот ред Рајан Гравенбе…