Дома Фудбал Продажба на Тотенхем: Инвеститор понудил и „бонус“ од 1,2 милијарди за составување на моќен тим

Продажба на Тотенхем: Инвеститор понудил и „бонус“ од 1,2 милијарди за составување на моќен тим

Сѐ погласни се шпекулациите дека Тотенхем ќе биде продаден. Одлуката на Даниел Леви да замине предизвика лавина шпекулации дека мнозинските сопственици, семејството Луис, ќе го продадат клубот.

Сега е потврдено нешто за кое долго време се зборуваше, а тоа е дека сегашната управа на Тотенхем добила понуда вредна 4.5 милијарди фунти за преземање на клубот!

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Наводно, 3,3 милијарди фунти би биле понудени за целосно преземање на Тотенхем, додека 1,2 милијарди фунти би биле инвестирани во тимот. Исто така се наведува дека во план е договор од 250 милиони фунти за правата на името на стадионот.

Кој е заинтересираниот со еден куп пари?

Станува збор за Бруклин Ерик, кој започнал како диџеј, за по десет години во таа индустрија, да одлучи да се занимава со вселената. Се преселил во Сан Франциско и започнал стажирање во НАСА како електроинженер во одделот за мали вселенски летала.

Во меѓувреме станал и програмер, а основал и компанија фокусирана на технологија, спорт, медиуми и забава под името Redacted RnD.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Винисиус испрати порака до својот сонародник: „Те чекаме наскоро“ (Фото)

Винисиус Жуниор уште еднаш покажа колку му значи заедништвото меѓу бразилските фудбалери, …