Дома Фудбал Проблемите на Куртоа биле посериозни од што се мислело – го чека долга пауза!?

Проблемите на Куртоа биле посериозни од што се мислело – го чека долга пауза!?

Белгискиот голман Тибо Куртоа се најде во незавидна ситуација во самиот финиш од сезоната, откако се соочи со два здравствени проблеми кои би можеле да го оддалечат од терените.

Според информациите на познатиот новинар Фабрицио Романо, Куртоа заработил повреда на мускулот на десниот квадрицепс, а воедно има и оптоварување на левиот адуктор, проблем кој го почувствувал уште при загревањето пред неговиот последен натпревар.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во овој момент не е утврдено колку долго ќе трае неговото отсуство, но јасно е дека евентуалната пауза би претставувала сериозен удар за Реал Мадрид во клучниот дел од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Финалето во Лигата на шампиони за првпат во нов термин, ќе се игра три часа порано!

УЕФА донесе одлука финалето на Лигата на шампиони да не се одржува во вообичаениот ноќен т…