Дома Фудбал Проблеми пред градското дерби: Гвардиола откри со што се соочува пред мечот против Јунајтед

Проблеми пред градското дерби: Гвардиола откри со што се соочува пред мечот против Јунајтед

Пеп Гвардиола вели дека нема добри информации во врска со повредените одбранбени играчи пред градското дерби.

Суспензијата на Рико Луис ја заострува ситуацијата во клубот бидејќи веќе се отсутни Џон Стонс, Натан Аке и Мануел Аканџи, па тоа го остава тренерот на Сити да размислува за своите опции за дербито против Манчестер во недела.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Додека Аке и Стонс изгледа дека ќе отсуствуваат уште некое време, постоеше надеж дека Аканџи ќе може да се врати на време за викендот, но Гвардиола вели дека тоа е малку веројатно.

На прашањето дали некој од неговите фудбалери игра со повреда во моментов, тренерот одговори: „Кевин се враќа, последниот натпревар беше подобар од претходните, иако беше повреден два месеци, пет месеци минатата сезона, чекор по чекор.

„Ерлинг ги одигра сите минути што е неверојатно. Без него, не знам каде би биле во моментов“, додаде Гвардиола во неговата изјава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразилското чудо стигна во Челси: „Сините“ го донесоа талентираниот крилен напаѓач

Бразилскиот фудбалер Естевaо официјално стана нов член на Челси, соопшти денеска англискио…