Дома Фудбал Проблем за Барса – Јамал се повреди, „Ел Класико“ под прашање!

Проблем за Барса – Јамал се повреди, „Ел Класико“ под прашање!

Еден од најдобрите фудбалери на планетава, Ламин Јамал, поради повреда на грбот ќе мора да одмара три недели, соопшти Барселона.

Отсуството на 18-годишниот офанзивец доаѓа во критичен момент за „блауграна“, која на 26 октомври го очекува „Ел Класико“ против Реал Мадрид, а големо прашање е дали Јамал ќе биде подготвен за судирот со најголемиот ривал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тоа значи дека Јамал ќе ги пропушти следните репрезентативни обврски за европскиот шампион Шпанија, како и натпреварите против Севиља и Жирона во Примера, односно Олимпијакос во Лигата на шампионите.

Сега лекарскиот тим на Барса е на испит, бидејќи е потребно Џамал да биде подготвен за „Ел Класико“ на „Сантијаго Бернабеу“, а ако младиот фудбалер биде спремен за дуелот со Реал, шансите на Каталонците значително се зголемуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пикси пред враќање на тренерската работа, ова може да биде негов нов клуб!

Српскиот стратег Драган Стојковиќ Пикси би можел да се врати на тренерската позиција некол…