Дома Останати Кошарка Приведено „опасното момче“ познато по инциденти со Јокиќ и Дончиќ (Видео)

Приведено „опасното момче“ познато по инциденти со Јокиќ и Дончиќ (Видео)

Иако заврши зад решетки во САД, неговиот менаџер тврди дека не станува збор за измама.

Маркус Морис, поранешен НБА кошаркар познат по бројни инциденти на терен, е уапсен во Флорида и моментално се наоѓа во притвор без можност за кауција.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Причината за апсењето не е поврзана со физички пресметки, туку со финансиски прекршок.

Имено, за Морис беше распишана потерница од друга сојузна држава поради издавање чек без покритие.

Неговиот менаџер Јони Ној се огласи во врска со веста за апсењето и се обиде да ја разјасни ситуацијата.

Според неговите зборови, не станува збор за измама, туку за заостанат долг од казино.

„Не се работи за никаква измама. Станува збор за неплатен кредитен знак во казино. Како што бев информиран, ако должите повеќе од 1.200 долари, може да издадат налог за апсење. Тоа е потполно лудост“, изјави Ној.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

ЛеБрон Џејмс е кралот на кошарката? Размислете повторно покрај Никола Јокиќ! (Видео)

Никола Јокиќ одигра уште една брутална партија во дресот на Денвер Нагетс. Српскиот кошарк…