Дома Фудбал Притисокот расте: Случајот „Ѓокереш“ постои, но не загрижуваат само бројките?

Притисокот расте: Случајот „Ѓокереш“ постои, но не загрижуваат само бројките?

Виктор Ѓокереш одигра уште една слаба партија и повторно стана тема на Островот.

Арсенал го победи Фулам со резултат 1:0, но Ѓокереш прикажа уште едно бледо издание. Статистиката покажува дека Ѓокереш имаше само пет успешни додавања од само девет обиди, што значи дека речиси и не учествуваше во играта. Покрај тоа, дури осум пати ја загуби топката, пропушти три добри шанси. 

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Од доаѓањето во Арсенал, Ѓокереш постигна три гола, даде два на Лидс на 23 август, а потоа на Нотингем Форест на 13 септември и оттогаш трае неговиот „пост“. 

Освен бројките, загрижува и фактот што не се снаоѓа на теренот, дека не е доминантен во дуелите како што беше случајот во Спортинг. 

Ѓокереш врза седум натпревари без постигнат гол, што дефинитивно е причина за загриженост, а некои навивачи сметаат дека во овој момент Кај Хаверц би бил подобро решение на позицијата напаѓач. Некои дури „советуваат“ Артета да на позицијата „лажна деветка“ го постави Микел Мерино кога Ѓокереш „исчезнува“ на теренот и не придонесува колку што се очекува од него. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…