
Неверојатни работи се случуваат во изминативе неколку дена во Ливерпул, и се однесуваат најмногу на Мохамед Салах и неговата иднина на Енфилд.
Имено, Салах јавно реши да го нападне тренерот Арне Слот, по што настана вистински хаос за Египќанецот бидејќи беше „отстранет“ од тимот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Салах, по неуспехот на Ливерпул на гостувањето во Лидс, одлучи јавно да проговори и да каже дека повеќе нема никаков однос со Слот.
Потоа настана хаос околу Салах кој многу лесно би можел да го напушти Енфилд веќе во јануари и на не баш најдобар начин да се збогува со клубот каде што е практично легенда.
Мо Салах имаше и интересна средба која се обидоа да ја скријат, но Англичаните сè разоткрија. Станува збор за средба со поранешниот соиграч од Ливерпул, Џордан Хендерсон, во Лондон.
Салах не беше во тимот на Ливерпул за натпреварот од Лигата на шампионите против Интер во Италија, и очевидно отиде по совет од поранешниот капитен на тимот од Енфилд.
Навивачите беа изненадени кога клупската хиерархија, и покрај слабите резултати на Ливерпул, одлучи да го поддржи Слот, а не Салах, а веднаш се појавија клубови кои го сакаат во јануари.
Салах за неколку дена ќе отпатува за натпреварите на Африканскиот куп на нации, и е прашање дали повеќе ќе се врати на Енфилд како играч на Ливерпул.
Клубови од Саудиска Арабија наводно се подготвени да му понудат на Ливерпул околу 85 милиони евра за трансферот на Салах оваа зима.
А, кога станува збор за договорот за Салах од клубот во Саудиска Арабија, кој не е именуван, понудата е на маса.
Имено, Англичаните тврдат дека тимот од Саудиска Арабија веќе му понудил официјална понуда на Мохамед Салах.
Така, Салах наводно би заработувал дури 2.85 милиони евра неделно, што секако не е нешто за кое Египќанецот нема да размисли.