
Претседателот на Спортинг, Федерико Варандаш, денеска ги демантираше наводите дека постои „џентлменски договор“ со кој шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш летово би можел да го напушти клубот за 59 милиони фунти, истакнувајќи дека клубот досега не добил ниту една понуда за напаѓачот.
– Можам да гарантирам дека Виктор Ѓокереш нема да си оди за 60 милиони евра плус 10 милиони во бонуси, бидејќи тоа никогаш не сум го ветил. До денес Спортинг нема добиено ниту една понуда за Ѓокереш, ниту денес, ниту минатата сезона – изјави Варандаш на конференција за медиумите, а пренесе Би-Би-Си (BBC).
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Швеѓанецот, кој има 27 години, постигна 97 гола во 102 натпревари во текот на две сезони во дресот на Спортинг, а претходно три години настапуваше за Ковентри Сити во англискиот Чемпионшип. Во последно време се поврзува со можен трансфер во Манчестер Јунајтед и Арсенал.
Фото: Принтскрин