Дома Фудбал Претседателот на Наполи: Стадионот Диего Марадона е депонија за ѓубре

Претседателот на Наполи: Стадионот Диего Марадона е депонија за ѓубре

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис го нарече стадионот во Неапол “депонија за отпадоци”, тврдејќи дека на клубот му е потребен модерен стадион за да ги зголеми приходите и да го подобри искуството на навивачите.

Наполи минатата сезона ја освои втората титула шампион на Серија А во последните три години, по голема борба со Интер од Милано. Домашните натпревари ги играат на стадионот Диего Армандо Марадона, наречен по аргентинецот кој ги водеше до два шампионата во 1987 и 1990 година. Стадионот припаѓа на општина Неапол.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Говорејќи на настан организиран од миланскиот универзитет Бокони, Де Лаурентис ја спореди заработката од натпреварите на Наполи со онаа на миланските клубови, велејќи дека Милан и Интер можат да остварат приход од 14 милиони евра за натпревар во Лигата на шампионите, додека неговиот тим во тој сегмент е ограничен.

„Можеме да добиеме само три милиони во депонијата на Марадона. Тоа е голема разлика, зарем не?“ рече тој.

Оваа недела, Милан и Интер ја завршија куповината на стадионот Сан Сиро и околната земја од градските власти, што е следен чекор кон уривањето на стадионот и изградбата на нов.

„Би сакал да имаме стадион со 70.000 места, 120 ложи и 8.000 паркинг места“, рече Де Лаурентис, додавајќи дека обновата на Марадона – која има атлетска патека – би траела шест години.

„Ни требаат уште 30 хектари за изградба на прекрасен стадион“, заклучи Де Лаурентис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ќе излезе на пазарот – Опцијата е една

И покрај потрошените 450.000.000 евра во текот на летото, Ливерпул, изгледа, ќе мора допол…