Дома Фудбал Претседателот на француски клуб ги критикуваше судиите и доби жестока казна

Претседателот на француски клуб ги критикуваше судиите и доби жестока казна

Претседателот на фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј, Пабло Лонгорија, е казнет со забрана за присуство на следните 15 натпревари во француската лига, откако неодамна упати критики поради судењето.

Поранешниот напаѓач на Марсеј, Фабрицио Раванели, сега советник на тој клуб, е суспендиран на три натпревари, пренесе агенцијата „Франс прес“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тие се казнети поради изјавите по саботниот пораз на Марсеј на гостувањето кај Оксер (0:3), во натпреварот од 23. коло на француската лига.

Лонгорија по поразот на својот тим пред телевизиските камери зборуваше за судиска кражба и „корупција“. Во понеделник, во интервју за агенцијата Франс прес, изјави дека се извинува за кажаното.

Казната на Лонгорија стапува на сила веднаш и тој во следните 15 натпревари нема да може да врши официјална функција и да биде на клупата за резервни играчи, во соблекувалната на играчите и официјалните лица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…