Дома Фудбал Претседателот на Баерн: Мусиала ги има сите квалитети да стане легенда на клубот

Претседателот на Баерн: Мусиала ги има сите квалитети да стане легенда на клубот

Претседателот на Баерн (Минхен) Херберт Хајнер направи паралела помеѓу младиот талент Џамал Мусиала и покојниот Франц Бекенбауер, велејќи дека Мусиала може да стане следниот играч на Баерн на светско ниво.

“Тој веќе покажува дека нашите фанови еден ден ќе бидат воодушевени од него, слично како со Бекенбауер или Томас Милер“, изјави тој за новинарскиот портал t-online во интервју објавено во вторник.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


“Џамал Мусиала може да стане следната светска ѕвезда на Баерн и ако имате таков играч во тимот на долги патеки, тоа е знак дека можете да постигнете големи цели“, рече тој.

21-годишниот Мусиала неодамна го продолжи својот договор со Баерн до јуни 2030 г. Офанзивецот се приклучи на младинската академија на Баерн од Челзи во 2019 г.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се зогуваја, па го вратија:Фабијански повторно во Вест Хем

Полскиот фудбалски голман Лукаш Фабијански потпиша договор со Вест Хем до крајот на сезона…