
Џанлука Престијани одлучи да признае пред УЕФА дека го навредувал Винисиус Жуниор, но не на расна основа. Сепак, се очекува остра казна за младиот Аргентинец бидејќи призна користење на хомофонски зборови, но сега Бенфика и Престијани би можеле да направат голем пресврт и да ги тужат Винисиус и Килијан Мбапе. Казните за нив ќе бидат сигурно побарани.
Џанлука Престијани призна навреди кон Винисиус Жуниор на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Бенфика и Реал Мадрид. Но, во изјавата што ја даде на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Аргентинецот ги отфрли навредите за расистичка увреда (мајмун), и призна користење на хомофобна навреда.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Престијани може да ги тужи ѕвездите на Реал за клевета поради обвинувањата за расизам. Ако УЕФА утврди дека е невин по обвинувањата за расизам, може да поднесе тужба, бидејќи Вини и Мбапе ги изнеле обвинувањата за расизам јавно.
На тој начин му нанесоа штета на угледот на аргентинскиот фудбалер. Тој би имал право на отштета и би требало да следи јавно извинување.
Сега УЕФА е во дилема. Ако го казни Престијани за хомофобните навреди кон Вини, тоа ќе мора да го направи и во случајот со Килијан Мбапе. Французинот е јасно снимен како го навредува Аргентинецот и го нарекува расист.