Многу клубови ширум Европа на лето ќе сакаат да го засилат нападот и покажуваат интерес за напаѓачот на Феенорд, Сантијаго Гименез.
Мексиканецот со своите партии го привлече вниманието на многу европски гиганти, а главната битка за неговиот потпис ќе ја водат клубовите од Премиер лигата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Мексиканецот и минатата сезона блескаше, но Феенорд успеа да го задржи во своите редови.
Феенорд знае дека нема да може да го задржи и за неговата слобода бара 50 милиони евра, сума која се спремни да ја платат Челзи, Арсенал, Тотенхем и Манчестер Јунајтед.