Дома Фудбал Премиерлигаш тргнува по Влаховиќ – Србинот е на попуст!

Премиерлигаш тргнува по Влаховиќ – Србинот е на попуст!

Особено затоа што Италијанците го ангажираа Рандал Коло-Муани кој одлично започна кариера во дресот на новиот клуб, па постои можност во Торино долгорочно да размислуваат за францускиот напаѓач кој пристигна од Пари Сен Жермен на позајмица до крајот на сезоната.

Неодамна се појави интересна шпекулација дека Фенербахче сака да го доведе Влаховиќ, меѓутоа вистинското прашање е дали фудбалерот од неговиот ранк и амбиции би се одлучил за таков потег.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


Сега повторно се зборува за интересот на Арсенал кој, како што тврдат медиумите во Англија, е подготвен да издвои 40.000.000 евра на Јувентус за да го доведе српскиот фудбалер во летниот преоден рок.

Не така одамна, Јуве ја одбиваше можноста да го пушти напаѓачот за сума помала од онаа што во јануари 2022 година ја издвоија за Влаховиќ од Фјорентина, кој тогаш премина за високи 80.000.000 евра.

Ситуацијата сега е значително поинаква, Влаховиќ го загуби местото во почетната 11-ка кај Тијаго Мота, па „топџиите“ многу лесно би можеле да го искористат тоа и да го постигнат својот цел на доста пониска цена.

Влаховиќ во дресот на Јувентус досега во сезоната постигна 13 голови на 30 настапи во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пресврт, шест гола и пенал во 95. минута – спектакл во Белград во кој немаше победник! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Црвена Звезда и Партизан ремизираа 3:3 (0:1) во 175. вечно дерби. На тој на…