Дома Фудбал Преговорите започнале: Аморим избрал идеално засилување за нападот на Манчестер јунајтед

Преговорите започнале: Аморим избрал идеално засилување за нападот на Манчестер јунајтед

Манчестер Јунајтед е во напредни преговори со Виктор Осимен, јавуваат англиските медиуми.

Рубен Аморим е заинтересиран за доаѓањето на напаѓач, кој во овој момент е на позајмица во Галатасарај од Наполи.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тимот од Неапол бара 75.000.000 евра, што за Јунајтед не претставува проблем, но се поставува прашањето кој ќе ги сноси последиците од овој трансфер? Веројатно Зиркзе и одамна отпишаниот Хојлунд, некогаш големо засилување за „црвените ѓаволи“.

Осимен има 26 години и со Наполи ја освои Серија А во 2023 година. На 108 натпревари за Наполи постигна 65 гола. Во моментот е во Галатасарај, каде на 18 натпревари ја погоди мрежата 14 пати.

За националниот тим на Нигерија настапил на 39 натпревари и постигна 23 гола. Беше вицешампион на Купот на Африка 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Случајност или не? Десет фудбалери на Арсенал се повлекоа од репрезентациите!

Шпанскиот играч Мартин Зубименди стана десеттиот фудбалер на Арсенал кој се повлече од сво…