Дома Фудбал Предавство на повидок: Влаховиќ засилува еден од ривалите на Јувентус

Предавство на повидок: Влаховиќ засилува еден од ривалите на Јувентус

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ е на излезната врата од Јувентус. Тој сигурно ќе го напушти клубот во наредниот период, а новата дестинација би можела да му биде Милан.

„Росонерите“ од „Сан Сиро“ се решени да ја „стресат“ Италија и Европа, откако започнаа со потрага по српскиот напаѓач Душан Влаховиќ.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Според информациите кои ги наведува новинарот Себастијан Сарно, раководството на Милан пристапило до Јувентус и во наредниот период ќе работи на ангажирање на 24-годишниот фудбалер.

Секако, сè е на самиот почеток. Сè уште нема официјална понуда, но таа ќе следи или до крајот на јануарскиот преоден рок или следното лето.

„Денес за првпат Милан побара информации од Јувентус за достапноста на Душан Влаховиќ“, наведува Сарно и продолжува:

„Ова е само првиот разговор на оваа тема, а се зборуваше и за интересот на Јувентус за Томори.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Освои ЛШ и беше дел од тимот на сезоната. Сега го бркаат

Очекувајте Џиџо Донарума да го напушти Пари Сен Жермен, можеби веќе ова лето или најдоцна …